Почетна » Новости » Актуелно » Моделот Татјана Јанушева: „Исплашена сум за иднината. Деца мили, генерацијо наша, почивајте во мир“

Моделот Татјана Јанушева: „Исплашена сум за иднината. Деца мили, генерацијо наша, почивајте во мир“

Татјана Јанушева се огласи со важни пораки и апел за подобар живот по ужасната трагедија во Кочани.

21-годишниот модел од Македонија ни се обраќа на сите со цел младите да не страдаат повеќе и да не се плашат за нивната иднина.

„Многу ми е криво деца мили, генерацијо наша, почивајте во мир“ – стои во нејзината порака, која во целост ви ја пренесуваме во продолжение.

Татјана Јанушева

И ова се случи, и ова го направивте.

Исплашена сум за иднината на мојата фамилија, исплашена сум за брат ми, исплашена сум за родителите, за сите мои братучеди, за мене, исплашена сум за сите деца во оваа држава.

Освестете се, немојте да штедите на материјали кога градите куќи, згради, болници, РЕСТОРАНИ, КАФИЧИ И ДИСКОТЕКИ, носете појаси во автомобили, носете кациги на мотори, минете на пешачки премин, ЗАПИРАЈТЕ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН, возете колку што е дозволено, не возете пијани, страдаме сите млади не гледате ли?

КАЗНУВАЈТЕ И ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ НЕ ЅВОНЕТЕ ПО РОДИТЕЛИ, ЧИЧКОВЦИ И ТЕТКИ!!!!!! Гневни сме сите ама барем да го смениме овој РАСИПАН СИСТЕМ, да не биде ова едно од чудата што траат три дена, многу ми е криво деца мили, генерацијо наша, почивајте во мир.

Татјана Јанушева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.