Почетна » Новости » Актуелно » „Млад дечко со јуначко срце“: Андреј (18), кој сонува да стане пожарникар, спасуваше другари во пожарот

„Млад дечко со јуначко срце“: Андреј (18), кој сонува да стане пожарникар, спасуваше другари во пожарот

Андреј Трајчов непоколебливо го ризикувал својот живот за да ги спаси другарите од пламените јазици во дискотеката „Пулс“.

18-годишниот спортист е член на боречкиот клуб Балканец од Штип и сонува еден ден да стане пожарникар, а за неговото херојско дело пренесува штипјанецот Тони Ѓоргиев.

Андреј Трајчов и Тони Ѓоргиев

Тој објави фотографија со Андреј и напиша:

„Покрај мене е славниот спортист, борач, којшто сонува еден ден да стане пожарникар. Овој млад дечко со храбро и јуначко срце, без страв и колебање, се борел со пламенот во кочанската дискотека спасувајќи ги животите на своите другари. Браво момче, ретки се луѓето како тебе! Верувам дека еден ден ќе работиш како пожарникар (една од најхуманите работи) и достојно ќе ме замениш. Она што го посакуваш искрено од срце, еден ден ќе ти се исполни!“

Во големата трагедија која се случи во Кочани животот го загубија 59 лица, а над 160 се хоспитализирани во болниците во Македонија, но и во странство.

Андреј Трајчов и Тони Горгиев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24058 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.