Мила Кунис и Ештон Кучер со елегантен изглед пленеа на црвениот тепих на Оскар 2022, а за време на церемонијата, убавата актерка, која носеше креација од Зухаир Мурад, ја искажа својата поддршка за Украинците.
Пред да ја најави изведбата на песната „Somehow You Do“ од нејзиниот нов филм „Four Good Days“, Кунис рече: „Неодамнешните глобални настани вознемирија многу од нас. А сепак, кога си сведок на силата и достоинственоста на оние кои се соочени со толкаво опустошување, невозможно е да не бидеш трогнат од нивната непокорност.“
На оскаровската манифестација следуваше и момент на тишина за поддршка на Украинците и беше испратена порака до гледачите да преземат тоа што можат за да ѝ помогнат на земјата која е во огромна криза.
Кунис, која е родена во Украина, заедно со нејзиниот сопруг покрена иницијатива за помош на украинскиот народ и досега имаат собрано над 35 милиони долари.