Почетна » Новости » Актуелно » Мајката на исчезнатата Данка: „Се надевам дека набрзо ќе ја прегрнеме, ме болат шпекулациите“

Мајката на исчезнатата Данка: „Се надевам дека набрзо ќе ја прегрнеме, ме болат шпекулациите“

Во изминатите седум дена регионот го обиколува веста за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ од Банско Поле кај Бор.

Малото девојче исчезна од семејниот имот кога мајката отишла да му даде вода на поголемиот син. Оттогаш наваму се води опсежна истрага од многу луѓе кои трагаат по Данка со најсовремената техничка опрема. Во меѓувреме во јавноста и во некои медиуми се шират шпекулации за наводна вмешаност на родителите Ивана и Милош.

За Nova.rs, мајката на Данка даде кратка изјава, во која наведе дека не смее да открива детали во интерес на истрагата. Таа се надева дека нејзината ќерка е добро и дека наскоро ќе може да ја прегрне.

„Се држиме колку што можеме, само да се пронајде Данка. Чекаме сето ова да се заврши, се надеваме на најдоброто, а потоа со сопругот јавно ќе се огласиме и ќе одговориме на сите навреди, прозивки и небулози. Ме болат сите тие шпекулации, фрлањето вина на мене и на сопругот“ – рекла таа.

Во одредени српски медиуми се појавија информации дека вештачењето на телефонот на мајката покажал дека непосредно пред исчезнувањето на Данка, таа го имала пребарувано на интернет граничниот премин со Романија и колкави се казните за одредени кривични дела. Ивана потврди дека телефонот ѝ бил на вештачење, но рече дека ќе зборува за тоа само кога ќе се врати нејзината ќерка.

Ивана откри дека ја гледала снимката снимена од српски граѓанин во Виена, на која наводно се гледа исчезнатата Данка, но рече дека не смее да коментира ништо во интерес на истрагата.

„Секоја чест на полицијата, луѓето не спијат, деноноќно бараат. Се надевам дека што поскоро ќе ја прегрнеме нашата ќерка“ – рекла Ивана.

Данка Илиќ Данка Илиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.