Почетна » Новости » Актуелно » „Мамо, никогаш не ме напуштај“: Северина објави емотивно видео со синот откако судот ѝ го одзеде старателството

„Мамо, никогаш не ме напуштај“: Северина објави емотивно видео со синот откако судот ѝ го одзеде старателството

Откако Врховниот суд ѝ го одзеде старателството над синот Александар, Северина доби море поддршка од обожаватели и славни личности.

Северина со синот Александар

51-годишната пејачка вети дека до крај ќе се бори за своето чедо, а објави и емотивно видео со инсерти од заеднички моменти со него. Во позадина се слуша глас, кој вели:

Некаде помеѓу „тогаш и сега“, премина од „Мамо, престани да ми кажуваш што да правам“ во „Мамо, те молам кажи ми што да правам“.

Некаде помеѓу „тогаш и сега“, премина од „Мамо, ти не разбираш“ во „Мамо, не разбирам“.

Некаде помеѓу „тогаш и сега“, премина од „Мамо, остави ме намира“ во „Мамо, никогаш не ме напуштај“.

Некаде помеѓу „тогаш и сега“, сфатив дека другата половина од моето срце отсекогаш била личноста која го создаде.

Во описот на видеото, Северина им се заблагодари на сите за поддршката и сподели дека постојано добива пораки од мајки кои поминале низ истата голгота како неа.

„Во овие тешки времиња, непроценливо е што знам дека постојат луѓе кои ми испратија илјадници и илјадници пораки, како некоја заедничка молитва, како здружена хуманост. Секоја од нив ја прочитав по неколку пати, ми се мешаа солзи и радост што чувствувам дека луѓето се секогаш тука кога е во прашање неправда. Случајот со моето дете не е единствен, ми пишаа многу мајки, а јас од оваа ноќна мора се извлекувам така што им ветувам дека ќе им помогнам. Искрено, и јас не знам како, но ова е некој мој повик одгоре и ќе одам до крај.“

„Ви благодарам на сите за човечноста и што ми помогнавте со вашите прекрасни пораки“ – напиша таа.

Северина со синот Александар Северина со синот Александар Северина со синот Александар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.