Принцот Вилијам и војвотката Кетрин го одбележаа роденденот на нивната ќерка Шарлот со споделување на нови портрети од малото девојче.
Слатката принцеза со широка насмевка позира сред расцутени цвеќиња пред камерата на нејзината мајка. На една од фотографиите се појавува и новото куче на популарното семејство.
Шарлот, која денес наполни 7 години, е средното дете на војвотката и војводата од Кембриџ. Тие се родители и на 8-годишниот Џорџ и 4-годишниот Луис.