Кралот Фредерик и кралицата Мери од Данска се појавија пред јавноста за првпат по официјалното добивање на новите титули.
На балконот од палатата Кристијансборг, 55-годишниот крал и 51-годишната кралица беа придружувани од нивните четири деца.
За оваа специјална пригода, Мери пленеше во софистициран бел стајлинг. Елегантната креација е дело на брендот Le Schmidt.
Кралскиот пар се бакна пред сите присутни.
Фредерик X стана крал на Данска по формалната абдикација на неговата мајка, кралицата Маргарета Втора.