Ист Гејт Мол се огласи по вчерашното пукање во трговскиот центар.
Во врска со инцидентот кој се случи во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 15 часот, би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива.
Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот.
Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите.