Сите сакаме да го најдеме омиленото парче облека по намалена цена и тоа на најпрактичен можен начин. Уживањето во шопингот, шетајќи ги брендовите во Ист Гејт Мол, станува уште поголемо кога тоа претставува и центар за случувањата во твојот социјален живот, можеш да си направиш слатка пауза со вкусен оброк или пак да оствариш еден краток тренинг во новата теретана.
Паметното купување е поим кој прерасна во нов тренд и кој е произлезен како резултат на одредени истражувања што служат за подобрување на квалитетот на живот на купувачите. Во ова брзо време, темпото на живот ни наметнува нови вештини кои вклучуваат и подобро организирање на своето време, со цел да се постигне максимумот од денот.



Тогаш зошто Ист Гејт Мол е вистинското место за вашиот паметен шопинг?
Првата причина е големата палета на производи и разновидноста на продавници. Благодарение на тоа може да влезете во еден мол и да остварите практичен шопинг и да купите различни производи како облека, електроника, инвентар, храна, книги и многу други.
Редовните поволности и попусти кои не смеат да се пропуштат. Поголемиот дел од продавниците оваа сезона имаа големи попусти и до 70%. За да остварите паметен шопинг доколку времето не ве притиска направете добра споредба на цените и паметно одлучете кој производ ви е најпотребен за вас.


Шопинг и забава на едно место. При добар и практичен шопинг потребно е и добро расположение. Ист Гејт Мол за дополнителна забава организира најразлични настани за сите возрасти како досега успешните дегустирање на вино и паста, новогодишен концерт, модна ревија, театарски претстави, лего работилници и слично.
Ви препорачуваме да го посетите Ист Гејт Мол да ги искористите тековните попусти и акции и остварете го вашиот паметен шопинг на ваш начин.

Комерцијален текст