Почетна » Новости » Актуелно » Индивидуален пристап и многубројни вонучилишни активности – Еве зошто да го запишете вашето дете во „Максимилијан“

Индивидуален пристап и многубројни вонучилишни активности – Еве зошто да го запишете вашето дете во „Максимилијан“

Меѓународното приватно училиште „Максимилијан“ интензивно се подготвува за новата учебна 2024/2025 година. Оваа година, интересот за основно и гимназиско образование навистина е на високо ниво, а сите заинтересирани ученици и родители можат да ја посетат нивна веб – страница.

„Максимилијан“ овозможува успешен развој на Вашето дете, со прилагодени програми за основно и средно образование, каде што доминира индивидуалниот пристап и учењето во помали групи.

Максимилијан Максимилијан

Што претставува индивидуалниот пристап во образованието?

Секој ученик, секој млад човек е со свои посебни и уникатни карактеристики, особини, емоционални и интелектуални потреби. Оттука, наставно – воспитниот кадар на „Максимилијан“ посветува посебно внимание кон секој ученик поединечно. Наставниците се трудат да ги мотивираат младите и да ги извлечат нивните најдобри резултати, за она за што пројавуваат најголем интерес или пак имаат талент.

Придобивките од индивидуалниот пристап се повеќебројни:

  • Подобрување на фокусот;
  • Идентификување на талент кај младите и нивно искористување – насочување;
  • Поголем интерес за учење и подобри резултати во учењето;
  • Креирање на продуктивна и мотивирачка средина.
Максимилијан

Учениците на „Максимилијан“ континуирано се дел и од вонучилишни активности, национални и меѓународни натпревари, работилници и спортски настани кои придонесуваат на конкретен начин младите да го изразат својот потенцијал и талент.

Самата образовна установа организира и голем број на хуманитарни активности, базари, на кои младите изработуваат конкретни производи/ракотворби, а посетителите имаат можност со купувањето на истите да донираат средства за одредена намена.

На овој начин се постигнува двојна цел: се развиваат креативните вештини кај учениците, а се придонесува и се помага за одредена работа во заедницата.

Новото време, дигитализацијата и брзиот развој на технологијата придонесуваат и за нови предизвици, со кои во текот на наставата се соочуваат учениците, наставниот кадар, стручните служби и родителите.

Максимилијан

- Водиме особена грижа и за менталното здравје кај младите. Тие живеат во една нова, дигитална ера и проблемите со кои се соочуваат не се за потценување. Ги учиме на правилно и паметно користење на технологијата, дигиталните алатки и платформи, вештачката интелигенција, но инвестираме и во нивната директна и непосредна комуникација. Сето ова го правиме и преку индивидуалниот пристап, кој во „Максимилијан“ навистина се применува на едно повисоко ниво. Важно е младите да кажат што мислат, да изразат свој став, да не се плашат да аргументираат и да споделуваат, посочува директорката на меѓународното училиште „Максимилијан“, Софија Филиповска.

Тимот на „Максимилијан“ секоја година подготвува и програма за вонучилишни активности, како и посети на различни јавни установи, институции, знаменитости. На овој начин, теоретскиот дел се поврзува со практичната настава. Исто така, училиштето има воспоставено соработка и со повеќе граѓански организации, здруженија и амбасади на чии настани учениците творат, имаат драмски изведби и сл.

Вашето дете и неговите/нејзините образовни потреби се примарниот фокус. Преку овој пристап „Максимилијан“ овозможува квалитетен и инклузивен образовен процес за секој еден ученик.

Дознајте повеќе: https://maximilian.edu.mk/mk/

Максимилијан Максимилијан

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.