Почетна » Новости » Актуелно » „Злато татино, ќе те најде тато“: Таткото на исчезнатото 2-годишно девојче од Србија со трогателна објава

„Злато татино, ќе те најде тато“: Таткото на исчезнатото 2-годишно девојче од Србија со трогателна објава

Вчера, цела Србија се крена на нозе за што поскоро да се пронајде исчезнатото 2-годишно девојче од Банско поле во близина на Бор.

Малата Данка Илиќ исчезна околу 13 часот и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Родителите и семејството со сите сили се обидуваат да ја пронајдат, а добиваат и помош од многу страни.

Таткото Милош Илиќ објави фотографија од ќеркичката заедно со трогателна порака. „Злато татино, ќе те најде тато! Свету мој мал“ – напиша тој на Facebook.

Потрагата по малата Данка траеше цела ноќ и цело утро, а ќе продолжи од страна на полицијата, пожарникарите и останатите доброволци.

Данка последно била видена во дворот од семејната куќа. Таа исчезнала кога нејзината мајка влегла во куќата со синчето. „Само што се свртив, неа ја немаше“ – изјавила мајката за српските медиуми.

Во близина на куќата се наоѓа шума, која од вчера до денес била пребарана 15-тина пати.

@stevan.heree delite!!!! #fyp #balkan #nestaladevojcica #okolinabora #bor #srbija #viral #amberalert #pronadjime #dankailic ♬ original sound - OlajzonMe

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.