Новак Ѓоковиќ претвори свој голем сон во реалност. Српскиот тенисер освои олимписко злато и со силни емоции прослави за победата во Париз.
Незапирливиот 37-годишен ас го совлада 21-годишниот Карлос Алкараз во мечот кој ќе остане во историјата по тоа што најстариот играше против најмладиот финалист кога било досега за посакуваното злато.
По неверојатниот успех, Ноле со солзи во очите се фрли во прегратките на децата Стефан и Тара, сопругата Јелена и најблиските поддржувачи на трибините.
„Златен, а наш. Златниот дечко од Србија“ – напиша гордата Јелена на Instagram.
„Тато од злато“ и „Тато е најдобар“ беа пораките на семејството на Ноле додека најблиските го бодреа во француската метропола.
И со оро во Олимпиското село, Ноле прослави за златниот медал.