Почетна » Новости » Актуелно » Забавна ноќ во OMEGA House во Париз по повод затворањето на Олимписките игри

Забавна ноќ во OMEGA House во Париз по повод затворањето на Олимписките игри

Завршија Летните олимписки игри. Во OMEGA House во Париз, се одржа специјална свеченост по повод на затворањето на спектакуларната спортска манифестација.

Меѓу гостите беа пријатели на брендот, вклучувајќи ја Аријана ДеБос, добитничката на Оскар за Најдобра актерка во споредна улога за „West Side Story“, Антони Поровски, еден од најдобро продаваните автори на New York Times, како и Диего Бонета – актер, продуцент и пејач, познат по филмот „Rock of Ages“.

Omega House

Други значајни гости од амбасадорската фамилија на OMEGA беа неколку златни медалисти од овогодишната Олимпијада, како спринтерот Ноа Лајлс, скокачот во далечина Џордан Диаз, џудистката Романе Дико и пливачите Кејти Гримс и Грегорио Палтринаре. И актерката Карла Соуса беше присутна на настанот.

Вечерта беше и можност за спортистите од Олимписките Игри да се опуштат и да се забавуваат. Откако се натпреваруваа на највисоко ниво во текот на последните неколку недели, конечно најдоа време да уживаат во забавната париска атмосфера.

Omega House Omega House Omega House Omega House Omega House

Во својот говор, претседателот и извршниот директор на OMEGA, Рајналд Ешлиман, рече: „Никогаш нема да ги заборавам овие Олимписки Игри и прекрасните моменти што ги споделивме во OMEGA House. Спортот беше неверојатен. Уживав да сведочам како OMEGA го мери времето во срцето на секој настан, но исто така и како Париз 2024 ги спои луѓето од целиот свет. Беше чест да ги дочекаме гостите и пријателите во OMEGA House од сите точки на глобусот.“

Omega House Omega House Omega House Omega House Omega House Omega House

OMEGA House беше лоциран во Hôtel de Poulpry, Maison des Polytechniciens, само неколку чекори од Музејот Орсеј и ја славеше улогата на OMEGA како Официјален мерач на време на Олимписките и Параолимписките Игри Париз 2024.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.