Северина во искрен текст ги изрази вознемиреноста, револтот и лутината откако Врховниот суд повторно ѝ го одзеде старателството над синот и го врати детето да живее со таткото.
Битката за старателството над Александар, кој наскоро ќе наполни 12 години, доби драматичен пресврт, бидејќи балканската ѕвезда и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ повеќе нема да имаат заедничко старателство „по половина“, како што беше досудено од жупанскиот суд во Сплит во 2021 година. Согласно новата одлука, детето веднаш треба да биде вратено кај таткото.
Во објава на Instagram, таа обвини за корупција и најави дека ќе се бори за синот до последната капка крв.
За малата капка на дланката и процедурите
Го носам уште од кога беше мала капка на дланка. Откако се роди, сме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори. Татко му повремено се појавуваше (како и ден-денес) и заминуваше. И потоа, одеднаш одлучи да биде татко. Оттогаш, веќе 11 години, трае измачувањето и агонијата на моето дете и мојата. Рочишта, сослушувања, испитувања, пријавувања, вештачења.
Знаеш дека не си направила ништо лошо. И не можеш да поверуваш дека повторно ти се случува истото. И не си крива. Никогаш не сум ни повишила глас на моето дете, а камоли нешто слично. Не постои ама баш никаква причина поради која детето не би требало да живее во домот во кој се роди, со мене, со баба му, со луѓето кои ги знае од раѓање.
Сега врховните судии ја дадоа нивната пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое трпи тортура, а јас заедно со него...
Јас сум мајка. Тој е моја капка на дланка, а јас за него ќе се борам до последната капка крв. За мојата капка на дланка.
Моето дете живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Срам ми е од оваа држава што вакви работи му се прават на детето, а јас да не смеам да зборувам за тоа за да не навредам некого.
Да поедноставам, ова значи дека своето дете, кое сум го родила, го одгледувам, школувам и живее со мене од раѓање, повторно ќе го гледам вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела.
Ја поминав целата голгота на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата поради процедурални причини. Да ве е*ат процедуралните причини. Да ве е*е и корупцијата во оваа држава. Еднаш успеавте, овој пат нема!
За хрватските медиуми, Северина изјави: „Ќе се борам до последната капка крв за моето дете, без кое останав 20 месеци. Нема да си играте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа компири со која можете да тргувате“.
Северина добива огромна поддршка на социјалните мрежи.