Принцот Вилијам и војвотката Кетрин ги предводеа членовите на британското кралско семејство на празнична миса по повод големиот празник Велигден.
Популарниот пар со двете деца присуствуваше на црковната служба во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор.
Дотераното семејство беше стилски усогласено во сини нијанси. 8-годишниот принц Џорџ носеше костум со вратоврска исто како и неговиот татко, а 6-годишната Шарлот беше облечена во светлосин фустан како мајка си. Најмалиот син на двојката, принцот Луи, беше отсутен.
Елегантниот палто-фустан на Кетрин е дело на Емилија Викстед, а таа го искомбинира со салонки од брендот Emmy London и впечатливо венче од Џејн Тејлор.
Меѓу присутните на празничната церемонија беа принцезата Јуџин, принцот Едвард со сопругата Софи и двете деца и Зара Тиндал со семејството. Кралицата