Почетна » Новости » Актуелно » Донација на Бимилк за сладок почеток на учебната година

Донација на Бимилк за сладок почеток на учебната година

Со донација на Битолско чоколадно млеко, Бимилк на првачињата од најголемите училишта во десетте најголеми градови во државата, им посака среќен и успешен почеток на учебната година. Секое прваче од овие училишта доби по 4 пакувања Битолско чоколадно млеко со 10 витамини од 250 ml со што вкупната донирана количина е 1,5 тони млеко.

Донација на Бимилк

„Поаѓањето во школо и првото влегување во училишните клупи е радосен чин и момент што секое прваче треба да го запомни како убаво и среќно искуство. Исто така, ова е момент кога децата влегуваат во нова фаза од животот каде треба да научат многу, да ги изградат своите квалитети и да ги препознаат вистинските вредности во животот. Затоа, со оваа донацијата сакаме да им честитаме на првачињата, да им посакаме среќа на тој пат и успеси во понатамошното школување”, велат од Бимилк.

Донација на Бимилк

При донацијата за првачињата компанијата избра производ којшто освен што го сакаат децата уште и ги содржи десетте најважни витамини за развојот на децата и за зајакнување на имунитетот, што е, исто така потребно и важно во овој период.

Донација на Бимилк

Битолска млекара е компанија којашто со развојот на своите производи ги следи потребите и барањата на своите потрошувачи, и доставува производи што се истакнуваат со висок квалитет и збогатен хранлив состав. Оваа акција за сладок почеток на учебната година е започната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19801 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.