Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 726 тестирања, а има 75 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 45
- Кавадарци 11
- Прилеп 8
- Струга 3
- Неготино 2
- Тетово 2
- Велес 2
- Куманово 1
- Кочани 1
Починати се 22 лица, 10 пациенти од Скопје (71г, 64г, 79г, 84г, 32г, 73г, 81г, 67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г) и по еден смртен случај од Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти од:
- Скопје 798
- Кавадарци 76
- Струмица 71
- Тетово 67
- Куманово 56
- Гостивар 47
- Велес 34
- Прилеп 32
- Неготино 27
- Битола 26
- Делчево 25
- Охрид 22
- Гевгелија 22
- Кичево 18
- Ресен 18
- Кочани 15
- Штип 14
- Струга 12
- Свети Николе 10
- Богданци 9
- Македонска Каменица 9
- Дебар 6
- Радовиш 6
- Берово 5
- Демир Капија 4
- Крива Паланка 2
- Виница
- Валандово 2
- Дојран 2
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 1
- Крушево 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486.