Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.383 тестирања, а има 347 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 157
- Прилеп 35
- Кавадарци 26
- Охрид 19
- Куманово 14
- Штип 13
- Неготино 13
- Тетово 12
- Гевгелија 10
- Велес 6
- Крушево 6
- Битола 5
- Гостивар 5
- Делчео 5
- Струга 3
- Дебар 3
- Крива Паланка 3
- Виница 3
- Ресен 2
- Валандово 2
- Кратово 2
- Струмица 1
- Кочани 1
- Македонска Каменица 1
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти од:
- Скопје 110
- Куманово 7
- Прилеп 7
- Кавадарци 6
- Тетово 5
- Крива Паланка 5
- Гостивар 4
- Велес 4
- Неготино 4
- Битола 3
- Гевгелија 3
- Штип 2
- Радовиш 2
- Охрид 1
- Струмица 1
- Свети Николе 1
- Кратово 1
- Демир Капија 1
- Дојран 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.