Емотивната средба на принцезата Кетрин и Мила Шнедон во 2021 година привлече големо внимение. Девојчето, кое тогаш се бореше со рак и успеа да ја победи страшната болест, сега испрати порака за Кетрин.
„Таа ќе биде храбра затоа што јас бев и ќе го победи ракот како што го победив јас“ – рекло 8-годишното девојче.
Британската принцеза пред неколку дена сподели дека ѝ беше дијагностициран рак и дека прима хемотерапија.
„Кетрин е мајка и сопруга, таа е млада, убава, физички активна и се соочува со ова. Тоа покажува дека ракот не дискриминира, може да се појави кај секого во кое било време. Ѝ посакуваме мирно и брзо оздравување“ – изјавила мајката на Мила, Линда Шнедон.
На Мила ѝ била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија на 4-годишна возраст. Пред две години, таа ја доби убавата вест дека го победи ракот.
На средбата, Кетрин носеше фустан во омилената боја на Мила.
We extend our love, support and well wishes to William, George, Charlotte and Louis, and wish Catherine a peaceful speedy recovery #YouAreNotAlone @KensingtonRoyal pic.twitter.com/0Z1iQGLWun
— Lynda Sneddon (@SneddonLynda) March 23, 2024