Хана Гутиерез-Рид е виновна за смртта на кинематограферката Халина Хачинс, која почина откако беше застрелана со оружје од актерот Алек Болдвин на снимањето на „Rust“.
Судот во Санта Фе ѝ изрече казна затвор на 26-годишната девојка задолжена за оружјето и другите реквизити за време на снимањето на филмот. Според поротата, Хана е виновна за убиство од небрежност, бидејќи на сетот во 2021 година оставила куршум во пиштолот кој Болдвин го користел за време на снимањето сцени. Таа може да добие до 18 месеци затворска казна.
Судењето на Алек е закажано за јули. Тој се товари за истото кривично дело како и Хана.
„Родителите и сестрата на Халина отсекогаш сакале сите одговорни за смртта на Халина да бидат казнети“ – рекле адвокатите на семејството.
Халина беше застрелана во октомври 2021 година од страна на Алек. Испуканиот куршум помина низ телото на Хачинс и заврши во режисерот Џоел Соуза.