Почетна » Новости » Актуелно » Да се здружиме за поздрав и посветол свет без рак: Денес е Светскиот ден на ракот

Да се здружиме за поздрав и посветол свет без рак: Денес е Светскиот ден на ракот

Грижете се за вашето здравје, не ги прескокнувајте редовните прегледи, правете самопреглед на градите, откажете се од цигарите и алкохолот, или пак, поттикнете блиска личност да си го подобри начинот на живот.

Ајде заедно да создадеме поздрав свет без рак. Денес е Светскиот ден на ракот, кој има за цел да ја подигне свеста за оваа болест, да ги поттикне владите и поединците да преземат акција за едуцирање на луѓето, како и да ја истакне важноста на превенцијата и раната дијагностика за да се намали смртноста предизвикана од неа.

Рак

Но, на овој 4 февруари, важно е и да се сетиме на оние кои се борат со оваа болест сред пандемија и да им помогнеме на секој можен начин.

Темата оваа година е „Јас сум и Јас ќе“, а кампањата на социјалните мрежи се одвива под хаштагот #IAmAndIWill.

„Последната година од кампањата 'Јас сум и јас ќе' – ни покажува дека нашите активности имаат влијание врз сите околу нас, во нашите соседства, заедници и градови. И дека повеќе од кога било, нашите активности се чувствуваат и преку границите и океаните. Оваа година е потсетник на трајната моќ на соработка и колективно делување. Кога ќе избереме да се здружиме, можеме да го постигнеме она што сите го посакуваме: поздрав, посветол свет без рак. Заедно, сите наши активности се важни. Овој светски ден на ракот, кој си и што ќе правиш?“ – пишуваат од Институтот за јавно здравје.

Клучни факти за ракот:

  • 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година.
  • Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат.
  • Ракот е втората водечка причина за смрт во светот.
  • 70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход.
  • До 3,7 милиони животи може да се спасат секоја година со спроведување на соодветни стратегии за превенција, рано откривање и третман.
  • Вкупната годишна потрошувачка за ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.
Рак Рак

Пандемијата со КОВИД-19 се одрази негативно на сите луѓе низ светот, но особено засегнати се лицата болни од рак. За нив, социјалното дистанцирање е од клучно значење, но честопати тоа е проследено со анксиозност.

Еве неколку начини на кои можете да ѝ помогнете на личност која се бори со рак за време на пандемијата:

  • Преземете го пазарувањето наместо неа. Помогнете ѝ со набавката на намирници и доставувањето до нејзината врата.
  • Закажете онлајн видео „средби“. Важно е да ѝ покажете дека мислите на неа, давајќи ѝ простор да ги искаже нејзините чувства.
  • Редовно јавувајте ѝ се и одржувајте ги контактите, без разлика дали е преку размена на пораки или повици.
  • Згответе ѝ здрав оброк и доставете ѝ го до дома. Не заборавајте многу добро да ги измиете рацете пред да ѝ доставувате храна на личност со компромитиран имунитет.
  • Слушајте внимателно. Понекогаш не мора ништо да зборувате за да помогнете некому. Потребно е само да бидете слушател.
  • Одете на посета преку прозорец. Споделете нешто со неа преку стакло, насмејте ја или танцувајте. Среќата не се намалува ако е споделена.
  • Испратете ѝ цвеќе или друг подарок со големо значење.
Рак Рак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.