Почетна » Новости » Актуелно » Д-р Синиша Трпчевски е првиот Македонец кој се здоби со престижниот сертификат од ЕСГО

Д-р Синиша Трпчевски е првиот Македонец кој се здоби со престижниот сертификат од ЕСГО

Д-р Синиша Трпчевски е доказ дека огромната посветеност на професијата и желбата за константно надградување не останува ненаградена. Стручноста, трудот и амбициозноста на битолскиот гинеколог се оценети во светски рамки, а најновото признание со кое се здоби уште еднаш ја потврдува неговата сеоддаденост на деликатните гинеколошки проблематики.

Откако на крајот на изминатиов месец во Истанбул положи тежок испит за кој се подготвувал шест години, тој стана првиот Македонец со сертификат од Европската асоцијација за гинеколошка онкологија (ЕСГО), со што ги отвори вратите кон најпознатите светски онколошки центри.

Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Истанбул

За искуството во Турција и важноста на ова постигнување, д-р Трпчевски вели:

„На неодамнешниот конгрес на најголемата европска асоцијација на гинеколошки онколози ЕСГО, кој се одржа во Истанбул, Турција, од 28 септември до 1 октомври годинава, го положив теоретскиот дел за супспецијалист за гинеколошка онкологија и се здобив со најпрестижниот сертификат, признат во целиот свет. Со овој сертификат, на кој му претходеше мошне тежок испит кој го учев цели 6 години, ми се отвораат многу врати во најпрестижните онколошки центри во светот.

Уште поголемо задоволство е што сум прв и единствен Македонец кој го положил овој испит. На овој начин, практичната работа со Напредната лапароскопска операција во гинеколошката онкологија (ADVANCED LAPAROSCOPIC SURGERY IN GYNECOLOGIC ONCOLOGY) ја верифицирав со теоретскиот дел.

Да додадам и тоа дека овој испит се полага на две години, годинава беше втора испитна сесија. Првата беше во 2021, а следната во 2025 година. Горд сум што на конгресот во Истанбул беше и мојот брат Христијан, кој ќе го полага испитот во 2025 година.

На конгресот имавме можност да се запознаеме со експертите во гинеколошката онкологија, д-р Cibula, д-р Andreas du Bois и д-р Querley. Со нив имавме закажано отворен разговор 1 час (платен разговор), на кој што отворено се говореше за триковите и замките во гинеколошките операции. Особено беше важен состанокот со д-р Cibula. Целосно, можам да кажам дека и состанокот, но и целиот конгрес, беше многу едукативен и значаен за нас“.

д-р Трпчевски

Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски

Д-р Синиша Трпчевски од „Кlinicum Wels Austrija“ и д-р Христијан Трпчевски од „Болница Плодност“ неодамна беа на 15-дневна едукација во клиниката „Хаген-Хаспе“ во Германија кај врвниот германски доктор Јацек Кочишевски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.