Почетна » Новости » Актуелно » Грижете се за себе и за другите: Денес е Светскиот ден на менталното здравје

Грижете се за себе и за другите: Денес е Светскиот ден на менталното здравје

Менталното здравје е исто толку важно колку и физичкото и секој од нас треба да ја става својата благосостојба на врвот на приоритетите.

Денес се одбележува Светскиот ден на менталното здравје и нè потсетува секојдневно да се грижиме за себе и за луѓето околу нас.

Светскиот ден на менталното здравје

Социјалните мрежи, брзиот начин на живот, преплавеноста со информации, немањето време за најблиските... сето тоа доведува денес секој осми човек во одреден дел од животот да се соочи со некаков проблем со менталното здравје.

Во 1992 година, Светската федерација за ментално здравје (WFMH) го избра 10 октомври за Светски ден на менталното здравје и подигнување на свеста. По тој повод, прочитајте цитати кои ќе ве натераат повеќе да се грижите за себе:

„Ранливоста не е победа или пораз. Таа не е слабост, туку најдоброто мерило за храброста.“
Брене Браун

„Не мора да си ги контролирате мислите. Едноставно треба да престанете да им дозволувате тие да ве контролираат вам.“
Ден Милман

„Менталното здравје не е дестинација, туку процес. Се работи за тоа како возите, а не каде одите.“
Ноам Шпансер

„Постои надеж, дури и кога вашиот мозок ви вели дека не постои.“
Џон Грин

„Среќата може да се најде дури и во најтемните времиња. Некој треба само да се сети да ја вклучи сијалицата.“
Џ.К. Роулинг

„Само една позитивна мисла наутро може да ти го промени целиот ден.“

Светскиот ден на менталното здравје

Фондацијата за ментално здравје препорачува отворени разговори на оваа тема и склопи листа како да се одлучите да зборувате доколку се соочувате со ментални предизвици:

  1. Изберете личност на која ѝ верувате и со која можете да разговарате. Тоа може да биде пријател, член на семејството, колега или друга доверлива личност.
  2. Направете си листа со позитивни и негативни страни од зборувањето за тој проблем. Оваа листа може да ви помогне. Една од позитивните страни е тоа што ќе почувствувате олеснување откако ќе ги споделите вашите чувства.
  3. Изберете го најдоброто место за разговор. Многу е важно да изберете место каде ќе се чувствувате комфорно. Тоа може да биде и за време на прошетка или друга активност.
  4. Бидете сигурни дека нема да бидете прекинувани. Обидете се да изберете приватно место каде нема никој да ве прекине или да ви го одвлече вниманието.
  5. Бидете подготвени за различни реакции. Луѓето можеби нема да реагираат на начинот на којшто се надевавте, што може да биде навистина тешко. Дајте им простор да го процесираат тоа.
  6. Грижете се за себе. Што и да се случи, гордејте се со себе што се отворивте. По разговорот, испланирајте нешто во коешто ќе уживате за да си го подобрите расположението.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.