Почетна » Новости » Актуелно » „Горат белите дробови на Македонија“: Страшни фотографии од пожарите и апели за спас на Галичица

„Горат белите дробови на Македонија“: Страшни фотографии од пожарите и апели за спас на Галичица

„Македонија гори“, „Гори Галичица, гори Јасен, гори над Маврово Ростуше, горат белите дробови на Македонија, не поради другите, поради нас, поради негрижата...“, „Горат трите национални паркови , гори богатството на Македонија“, „Галичица гори! Ни изгоре еден цел свет пред очите“, „Тажно е, претажно, прекрасна Македонија се претвора во гламна, пепел се стори...“ – ова се само дел од пораките на страшните фотографии кои деновиве се шират на социјалните мрежи од пожарите низ нашата држава.

Од ЦУК информираа дека во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 7 се под контрола и 30 се изгаснати.

Фотографот Стојан Стојановски сподели прежална фотографија од Љубаништа, на која се гледа пожарот на Галичица.

Ристе Спироски објави фотографија направена од Трпејца на 10-тиот ден од започнувањето на пожарот на планината. „Секој ден слушаме авиони кои летаат кон планината, земаат вода од Охридското Езеро и го гаснат пожарот“ – напиша тој.

Ова е фотографијата на Димитар Бирачоски.

Граѓаните преку социјалните мрежи се мобилизираат за доброволно да помогнат во критичните точки.

Организирани преку Facebook групата Ohrigani поголем број волонтери се собраа кај Љубаништа и планинската куќа Спиридон.

„Преубави вести од сабајле. Преку 20-тина волонтери кај Спиридон и поголема бројка волонтери кај Љубаништа. Нонстоп сме во контакт со нив. За спас на Галичица“ – напишаа тие.

Еве ги и апелите за секој кој е во можност да помогне:

После консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци, утре во 07:00 часот да се пријавет кј планинарската куќа Спиридон, (после Црквичето Св. Ѓорѓија на Галичица накај Ресен од десна страна) со свој алат, мотика или гребло!

Најбитно е да сте физички спремни со базична планинарска опрема, кондури итн.

Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, зато ајде да се собериме шо поголем број да си ја спасиме Галичица. За жал моментално немат друга (поголема) организација за спас на националниот парк!

И со НП Галичица сме во контакт, кој не е во можност да ојт до планинарската куќа „Спиридон“ на Галичица во 5ипол сабајле да се пријави пред пожарната Охрид.Кој е во можност со сопствено возило да ојт, мојт во 6ипол кј рампата за м.в. Војтино (то е 100 метри над наплатната рампа од десна страна) да се пријавит!

Значит и кј Спиридон и НП Галичица се барет доброволци! Ајде Охриде, за спас на Галичица!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.