Почетна » Новости » Актуелно » „Го спаси и мојот син“: Мајка му се заблагодари на херојот Јован, граѓаните бараат тој да биде одликуван

„Го спаси и мојот син“: Мајка му се заблагодари на херојот Јован, граѓаните бараат тој да биде одликуван

Деновиве многу интернет корисници побараа Јован Костадинов од Виница да биде одликуван за својот хероизам и да добие посебни бенефиции од државата.

За херојското дело на 19-годишното момче раскажа мајка, чиј син бил спасен токму од него.

Јован од Виница

Јадранка Бреслиева на Facebook му се заблагодари на Јован што го спаси нејзиниот син заедно со уште 20 други лица. Таа напиша:

Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, сè до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот.

Јован е вистински херој – младо момче со големо срце и неопислива храброст, кој го ризикуваше својот живот за да спаси туѓи животи.

Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит.

Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца.

Јован бил надвор таа вечер, но со маица натопена со вода преку лицето влегол во огнот за да им помогне на колку што е можно повеќе лица.

„Тој беше надвор за време на пожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата што ја стави преку лицето и без двоумење влезе внатре низ страничната соба за да ги спаси луѓето“ – стои во една од објавите.

Јован во моментов е на лекување и му посакуваме брзо оздравување.

Јован од Виница

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24189 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.