Министерството за здравство објави дека дијагностицирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. Со тоа, вкупниот број се искачи на 555.
По градови: Скопје – 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово – 12, Струга – 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.
Добрата вест е што излекувани се 3 лица и пуштени дома, но лошата е што има уште една жртва.
Почина 63-годишен маж од Лабуништа донесен на клиниката со тешка клиничка слика.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, а другите пациенти се стабилни.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 235
- Куманово -114
- Дебар – 49
- Штип-19
- Прилеп –33
- Тетово – 29
- Струга – 24
- Велес – 10
- Битола – 6
- Охрид – 3
- Кавадарци –2
- Гостивар – 4
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 2
- Радовиш – 3
- Крушево – 2
- Кочани – 14