Министерот за здравство Венко Филипче известува за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот. Од денес, заради заштита на медиумските работници, прес-конференциите на Владата ќе се одржуваат без присуство на сниматели и новинари.
Прес на Венко Филипче, 15 часот
Пред неколку часа беше објавено дека има 19 нови случаи со што бројката на заболени моментално е 67 лица.
Во Институтот за јавно здравје биле тестирани 71 лице. Од нив 2 биле позитивни и тоа едно лице од Скопје (контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје) и едно од Охрид (дојдено од Бреша, Италија и било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија).
На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
Закажана е седмица на Владата во 16:30 часот.