Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд.
Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што ќе бидат поставени во ова катче, наменето за најмладите.
Градоначалникот Коњановски ја потврди одличната соработка со компанијата Бимилк и истакна дека сѐ повеќе е изразена потребата од нови катчиња за рекреација во градот.