Вкусот на германската традиционална храна и пијалаци, надополнет со квалитетот на производите направени во Германија, се во главниот фокус на настанот „Денови на германски вкусови“ кој почнувајќи од денеска (14 октомври) до 28 октомври се одржува во сите Веро маркети.
Со настанот посветен на Германија, Веро продолжува на своите потрошувачи да им претставува традиционални и други карактеристични производи од различни земји од светот по промотивни цени. Понудата на германски производи опфаќа повеќе видови путер, кашкавали, сирења, намази и други млечни производи кои традиционално се дел од германскиот појадок, како и различни видови кафе и слатки задоволства за седенките со семејството и пријателите. Уживањето во германските вкусови не може да биде комплетно без најдобрите пива од Германија и традиционалните колбаси кои се неизоставен дел од најголемиот фестивал на пивото – Октоберфест. Понудата е збогатена и со производи за нега и убавина, препознатливи меѓу потрошувачите по врвниот квалитет, како и со здрави производи и додатоци во исхраната кои го зајакнуваат имунитетот.
„Денови на германски вкусови“ е трет во низата настани посветени на производи од различни земји во светот. Почнувајќи од летово, Веро организираше настани посветени на промоција на производи од Франција и Грција.
- Тематската промоција на производи од различни земји е одлично искуство за нашите потрошувачи. Тие имаат можност да набават традиционални производи од други земји во светот по акциски цени и промоции, што на наше огромно задоволство наидува на одличен интерес. Пресреќни сме што им овозможуваме уникатно искуство во пазарувањето, но и можност подобро да ги запознаат другите култури, нивната традиционална храна и производи. Ние во Веро им го носиме целиот свет на едно место. По Франција и Грција, сега на ред е Германија, но ова искуство нема да застане тука. Подготвуваме нови изненадувања за нашите потрошувачи – вели Милана Петковски, одговорна за маркетинг одделот во Веро.