Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.394 тестирања, а има 872 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 459
- Прилеп 51
- Кавадарци 35
- Куманово, Битола и Охрид по 33
- Тетово 31
- Гостивар 28
- Штип 24
- Неготино и Берово по 15
- Велес 14
- Крива Паланка 13
- Струмица и Струга по 11
- Крушево 9
- Демир Хисар 8
- Гевгелија 7
- Кочани, Радовиш и Пробиштип по 6
- Кичево, Ресен и Богданци по 5
- Свети Николе 3
- Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран по 1
Починати се 22 лица, по 9 пациенти од Скопје (66г, 69г, 78г, 87г, 75г, 80г, 75г, 70г, 73г), 4 пациенти од Прилеп (67г, 86г, 89г, 45г), 2 пациенти од Гевгелија (73г, 73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 412 оздравени пациенти од:
- Скопје 179
- Охрид 44
- Струга 34
- Прилеп 33
- Куманово 23
- Тетово 18
- Битола 13
- Струмица по 12
- Гостивар 10
- Гевгелија 8
- Велес 6
- Штип 5
- Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 4
- Дебар и Кичево по 3
- Ресен, Виница и Кратово по 2
- Неготино, Крушево и Богданци по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.