Меган Маркл гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис каде зборуваше за нејзиниот живот со Хари и децата во Калифорнија. Но, најголемо внимание кај јавноста привлече нејзиниот „пренк“ со продавачи на тезги.
За скриената камера, војвотката од Сасекс се однесуваше будалесто, се хранеше како мајмунче, пиеше млеко од бебешко шише итн., затоа што задачата ѝ беше да повторува и прави сè што ѝ кажува Елен.
Иако дел од нејзините фанови уживаа во шегата, мнозинството од британската публика има силни негативни критики за нејзините постапки и најчестиот коментар е дека е „голем срам за кралското семејство“.