Во потрага сте по нови доживувања и совршен подарок за таа посебна личност во вашиот живот? Оваа зима, на едно место ќе можете да пронајдете сѐ што посакувате и замислувате.
Во пресрет на денот на вљубените и денот на виното и лозјето, во Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе бидат организирани многу активности за сите посетители.
Сите оние што ќе дојдат во молот ќе имаат шанса да ја посетат специјално подготвената поставка, каде што ќе има организирано љубовно гледање на тарот-карти. Посетителите ќе имаат можност да дознаат што кријат за нив картите на љубовта и да станат учесници во трката за подароци.
Но, во игра се и сите оние што ќе ја преземат/отворат апликацијата „MojCityMall“ на својот мобилен телефон и ќе ги пронајдат и скенираат QR-кодовите на петте букви што го формираат зборот ЉУБОВ. Овие кодови се поставени на неколку различни локации во молот, а наградите се оригинални и детално организирани: романтична вечера, љубовен состанок во „Синеплекс“ или ваучер за подарок од Скопје Сити Мол.
Воедно, во овој период ќе биде отворен и шестдневен „Базар на љубовта и виното“.