Почетна » Новости » Актуелно » „Андрејчук, малкумина има како тебе. Добри луѓе“: Игор Џамбазов тагува за Андреј од ДНК

„Андрејчук, малкумина има како тебе. Добри луѓе“: Игор Џамбазов тагува за Андреј од ДНК

Настапуваа заедно, публиката ги обожаваше, разговорите им течеа како река... Игор Џамбазов сè уште е во неверување по смртта на Андреј Ѓорѓиески од ДНК.

61-годишниот шоумен дури денес смогна сили да се збогува со својот колега и пријател со добра душа, кој го изгуби животот спасувајќи други.

Андреј Ѓорѓиески

Прочитајте ја неговата порака објавена на социјалните мрежи:

Пријателе...

Немам зборови.

Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.

Уште помалку да пеам.

Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.

Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку...

Сонувај спокојно...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23914 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.