Компанијата Vaillant одговори на повикот на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце и донираше 23 школски униформи за децата од социјално ранливите категории.
Откако Советот на родители во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во село Теарце, Тетовско одлучи сите 320 ученици да посетуваат настава облечени во униформи поради еднаквост меѓу нив, училиштето се обрати до компанијата Vaillant со молба за донација на парични средства за обезбедување на 23 униформи за оние деца чии родители не се во можност финансиски, од разни причини како социјални случаи, самохрани родители или со ниски примања, да си дозволат униформа за своето дете.
Vaillant со задоволство го прифати барањето и донираше 23 училишни униформи со вкупна вредност од 40.710,00 денари, особено што барањето дојде од училиштето во чии клупи некогаш седел и директорот на Vaillant, Деан Наумовски.
„Како општествено одговорна компанија, Vaillant излегува во пресрет во сите ситуации каде што има можност за помош“, вели Наумовски.
Vaillant е водечки европски производител и бренд кој нуди енергетски ефикасни и еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација со акцент на обновливи извори на енергија. Производниот програм опфаќа високоефикасни гасни кондензациски уреди за греење и припрема на топла вода, соларни системи, топлински пумпи, рекуператори на воздух, електрични уреди за греење и санитарна топла вода, клима уреди, радијатори како и комплетен програм за регулација.
Vaillant со своите производи и услуги посакува да ја максимизира удобноста на живеењето и на тој начин да понуди најдобро одржливо решение за своите еколошки освестени корисници.
Повеќе информации на веб-страницата https://www.vaillant.mk/.
Комерцијален текст