„Squid Game“ со молскавична брзина освојува фанови.
Популарната јужнокорејска серија руши рекорди за гледаност, а утрово беше прогласена за најпопуларна серија која некогаш била прикажана на Netflix.
„’Squid Game’ официјално достигна 111 милиони фанови – што ја прави најпопуларна серија некогаш лансирана од нас“ – напишаа на Twitter од популарната платформа за стримување.
Squid Game has officially reached 111 million fans — making it our biggest series launch ever! pic.twitter.com/SW3FJ42Qsn
— Netflix (@netflix) October 12, 2021
Серијата раскажува приказна за група од 456 луѓе кои се поканети да го ризикуваат животот во мистериозна игра за преживување со награда од 45,6 милијарди вони (38,7 милиони американски долари).