Почетна » Новости » Актуелно » HalkMatinée – инспиративна дружба за поддршка на женското претприемништво и финансиската независност

HalkMatinée – инспиративна дружба за поддршка на женското претприемништво и финансиската независност

Незаборавна забава, моќна панел дискусија и модна продажна изложба со хуманитарен карактер ги очекуваше гостите во „Three Kitchen & Bar“ на првото HalkMatinée.

Мотивирачката собиранка, во режија на Халкбанк, обедини стотици лица со заедничка цел – да се подигне свеста и поддршката на женското претприемништво и финансиската независност.

HalkMatinée HalkMatinée HalkMatinée

Инспиративниот настан започна со поздравен говор од Маја Наумовска Савеска, директорка на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк и претставничка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Следеше динамичен разговор кој го подгрева претприемачкиот дух и копнежот за самоподобрување и осамостојување кај жените со Александра Бела Белчева од urma.mk, Ивона Трајановска од Унија на млади претприемачи Phoenix Rising и Јана Клопчевска, професорка на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и основачка на Les Scientists.

Од ентузијастичката екипа одекнаа размислувања за квалитетот на живот, создавањето на нови позитивни навики, себенадградувањето, значењето на дигиталниот маркетинг и социјалните мрежи за бренд билдингот, како и применување на стратегии за градење на мрежа за помош и менторска поддршка.

За добрата забава и музиката беше задолжена диџејката Надежда Димитријевиќ.

Настанот беше заокружен со продажна изложба на модни креации. Дизајнерките Јована Филиповиќ, Ирина Тошева и Наталија Терзија и креаторот Марјан Бебекоски презентираа фустани во рамките на добро познатата кампања „Фустани со џебови“, која минатата година ја иницира Халбанк. Акцентот е ставен на џебот, навидум банален моден елемент, кој таи моќна симболика. Новите модни дела нè потсетуваат дека џебот не е само простор за складирање (не)важни ситни предмети, туку и симбол на независност и финансиска слобода.

HalkMatinée HalkMatinée

Од каде инспирацијата за моќната кампањата „Фустани со џебови“? Во минатото, доминантно било размислувањето „зошто ѝ е на жената џеб кога мажот ги носи парите и сè што вреди“. Жените дури и денес често се лишени од комоцијата да имаат функционални џебови, иако тоа е стандард во машката мода. Па така, сè погласни се дамите кои бараат промени, не само поради комфорот и практичноста, туку и за да испратат силна порака за финансиска слобода.

Креациите од кампањата „Фустани со џебови 2.0“ се достапни за купување и онлајн на линкот: https://portret.digital/fsdh-shop/

HalkMatinée

Благодарение на хуманитарната компонента на настанот, ќе бидат помогнати жени од социјално ранливи категории. Имено, средствата од продажбата на фустаните ќе бидат донирани во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

За сите претприемачки, беше промовиран специјален „Пакет за жени“ од Халкбанк за кредити до 500.000 евра, со фиксна годишна каматна стапка за кредитите до 12 месеци и многу поволности за кои можете да се информирате тука. Исто така, беа претставени елегантните дизајни на Mastercard бизнис картичките.

HalkMatinée HalkMatinée HalkMatinée HalkMatinée

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.