Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.450 тестирања, а има 947 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 453
- Прилеп 65
- Велес 56
- Неготино 44
- Кавадарци 41
- Штип 30
- Тетово 29
- Куманово 26
- Струмица 22
- Гостивар и Битола по 21
- Охрид 19
- Гевгелија 18
- Кочани 17
- Струга 12
- Крива Паланка и Крушево по 9
- Ресен 7
- Берово и Кратово по 6
- Делчево и Демир Капија по 5
- Дебар, Радовиш и Богданци по 4
- Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево по 2
Починато е 21 лице, 6 пациенти од Скопје (91г, 90г, 87г, 66г, 68г, 78г), 3 пациенти од Берово (59г, 51г, 70г), по 2 пациенти од Куманово (72г, 71г), Велес (82г, 56г), Неготино (79г, 79г), Гевгелија (83г, 59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од:
- Скопје 175
- Прилеп 41
- Кавадарци 34
- Куманово 20
- Велес 16
- Неготино 15
- Битола и Крива Паланка по 14
- Тетово 11
- Гевгелија 8
- Ресен, Пробиштип и Богданци по 5
- Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово по 4
- Кичево и Крушево по 3
- Берово и Валандово по 2
- Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.