Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.654 тестирања, а има 868 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 424
- Прилеп 72
- Куманово 42
- Битола 34
- Охрид 31
- Тетово 28
- Кавадарци 27
- Неготино 26
- Велес 21
- Гевгелија 20
- Гостивар и Кочани по 15
- Штип 14
- Крива Паланка и Крушево по 11
- Струга и Берово по 10
- Струмица 9
- Валандово и Демир Капија по 8
- Богданци 6
- Кичево и Ресен по 5
- Пробиштип и Демир Хисар по 3
- Радовиш, Македонски Брод и Пехчево по 2
- Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран по 1
Починати се 15 лица, 5 пациенти од Скопје (86г, 81г, 72г, 71г, 64г), по 2 пациенти од Тетово (72г, 59г) и Охрид (78г, 57г), и по 1 пациент од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од:
- Скопје 178
- Прилеп 36
- Тетово 20
- Гевгелија 17
- Куманово и Струмица по 16
- Битола 15
- Велес 11
- Гостивар и Кочани по 8
- Берово 5
- Штип и Крушево по 4
- Валандово 3
- Ресен, Пробиштип и Богданци по 2
- Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.