Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.519 тестирања, а има 843 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 360
- Прилеп 66
- Неготино 54
- Куманово 51
- Кавадарци 44
- Струмица 33
- Велес 30
- Тетово 26
- Охрид 25
- Гевгелија 22
- Крива Паланка 20
- Гостивар 18
- Кочани 16
- Штип 12
- Богданци 11
- Битола 9
- Крушево 8
- Кичево и Пробиштип по 6
- Струга 5
- Ресен и Демир Капија по 4
- Валандово и Демир Хисар по 3
- Свети Николе, Берово и Кратово по 2
- Македонски Брод 1
Починати се 11 лица, 5 пациенти од Скопје (77г, 73г, 63г, 63г, 39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г, 71г) и Неготино (77г, 63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти од:
- Скопје 115
- Кавадарци 64
- Неготино 26
- Прилеп 25
- Тетово 18
- Куманово 15
- Велес и Гевгелија по 10
- Штип и Струмица по 9
- Гостивар, Битола, Дебар и Берово по 4
- Кочани и Крушево по 3
- Кичево и Кратово по 2
- Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.