Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.865 тестирања, а има 722 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 302
- Тетово – 51
- Куманово – 46
- Струмица – 42
- Гостивар – 39
- Охрид – 24
- Велес, Кичево и Штип – по 21
- Кавадарци – 19
- Битола ,Свети Николе и Струга – по 18
- Прилеп – 16
- Кочани – 13
- Дебар – 7
- Делчево и Радовиш – по 6
- Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4
- Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3
- Богданци, Валандово и Виница – по 2
- Демир Хисар, Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 26 починати лица: 6 од Скопје (77г, 63г, 58г, 57г, 52г, 47г), 5 од Тетово (74г, 73г, 68г, 67г и 62г), по 3 од Гостивар (82г, 55г и 52г) и Куманово (84г, 71г и 65г), по 2 од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно од Крива Паланка (23г), Струмица (73г), Штип (67г), Охрид (84г) и Прилеп (83г). Од пријавените лица. 20 се починати во болнички услови, а 6 во домашни услови.
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од:
- Скопје – 169
- Тетово – 105
- Гостивар – 87
- Струмица – 36
- Куманово – 35
- Кичево – 27
- Кавадарци – 14
- Битола и Кочани – по 13
- Штип – 11
- Прилеп, Велес и Радовиш – по 10
- Свети Николе – 8
- Гевгелија – 4
- Крива Паланка и Виница – по 3
- Неготино, Ресен, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2
- Охрид, Делчево, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија и Кратово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.