Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 678 тестирања, а има 61 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 35
- Кавадарци 7
- Тетово 3
- Прилеп 3
- Штип 3
- Охрид 2
- Струга 2
- Кочани 2
- Куманово 1
- Гостивар 1
- Велес 1
- Крива Паланка 1
Починати се 11 лица, 6 пациенти од Скопје (83, 83, 82, 81, 73 и 67г), два од Гостивар ( 60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и Тетово (77г). Сите 11 пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 440 оздравени пациенти од:
- Скопје 266
- Кавадарци 26
- Куманово 23
- Битола 18
- Прилеп 17
- Тетово 13
- Струмица 12
- Штип 10
- Кочани 9
- Велес 7
- Гостивар 6
- Крива Паланка 5
- Берово 5
- Пробиштип 5
- Кичево 3
- Гевгелија 2
- Неготино 2
- Ресен 2
- Виница 2
- Богданци 2
- Охрид 1
- Свети Николе 1
- Радовиш 1
- Демир Хисар 1
- Пехчево 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.