Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.789 тестирања, а има 541 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 290
- Прилеп 43
- Тетово 22
- Охрид 21
- Гостивар 19
- Кавадарци, Битола и Гевгелија по 16
- Велес 15
- Штип и Струмица по 13
- Ресен 12
- Неготино 10
- Куманово 7
- Богданци 5
- Кочани и Свети Николе по 4
- Струга, Пробиштип и Демир Капија по 3
- Валандово и Пехчево по 2
- Кичево и Радовиш по 1
Вкупно 19 лица, на возраст од 55 до 89 години, ја изгубија битката и тоа: 11 пациенти од Скопје, по 2 од Куманово и Кавадарци и по еден од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Регистриран е 521 оздравен пациент од:
- Скопје 166
- Прилеп 72
- Охрид 54
- Кавадарци 47
- Неготино 40
- Куманово 28
- Тетово и Кочани по 18
- Велес, Струга и Крива Паланка по 15
- Гевгелија 5
- Богданци 4
- Крушево 3
- Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево по 2
- Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.