Бројот на заболени со КОВИД-19 во нашата држава достигна 329. Во изминативе 24 часа регистрирани се 44 нови случаи.
Министерството за здравство објави дека од нив 23 се од Куманово, 11 од Скопје, 4 од Тетово, 3 од Битола, 2 од Струга и 1 од Прилеп.
За жал, починаа два пациенти. Едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје- 175
- Дебар – 47
- Куманово – 47
- Штип- 14
- Тетово – 10
- Прилеп – 10
- Струга – 7
- Велес – 6
- Битола – 4
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 1
- Крива Паланка – 1
- Струмица – 1
- Гевгелија – 1