Институтот за јавно здравје објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.562 тестирања, а има 316 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 164
- Куманово 16
- Прилеп 34
- Тетово 12
- Гостивар 10
- Штип 6
- Кавадарци 13
- Велес 8
- Охрид 9
- Струмица 5
- Струга 5
- Кочани 5
- Кичево 1
- Неготино 13
- Гевгелија 7
- Свети Николе 1
- Крива Паланка 1
- Делчево 1
- Радовиш 1
- Виница 2
- Богданци 2
Починати се 11 лица. Четири пациенти се од Скопје, по 2 од Прилеп и Крушево и по еден од Штип, Битола и Охрид.
Регистрирани е 681 оздравен пациент од:
- Скопје 271
- Куманово 23
- Прилеп 42
- Тетово 24
- Гостивар 10
- Штип 13
- Кавадарци 85
- Велес 22
- Битола 10
- Охрид 31
- Струмица 18
- Струга 10
- Кочани 2
- Кичево 5
- Неготино 28
- Гевгелија 14
- Свети Николе 4
- Крива Паланка 11
- Ресен 1
- Дебар 2
- Делчево 17
- Радовиш 3
- Берово 2
- Виница 1
- Валандово 12
- Крушево 4
- Богданци 7
- Кратово 3
- Демир Хисар 4
- Демир Капија 1
- Македонски Брод 1
Министерот Венко Филипче соопшти дека Владата ќе одлучува за воведување на полициски час поради зголемениот број на нови случаи: „Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19“.
Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи...
Posted by Венко Филипче on Monday, March 8, 2021