Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.024 тестирања, а има 302 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 165
- Велес 14
- Куманово 13
- Охрид 12
- Кавадарци 12
- Тетово 11
- Дебар 8
- Струмица 6
- Радовиш 6
- Делчево 6
- Гостивар 6
- Штип 5
- Прилеп 5
- Битола 5
- Демир Капија 4
- Струга 3
- Свети Николе 3
- Кочани 3
- Гевгелија 3
- Неготино 2
- Крива Паланка 2
- Кратово 2
- Кичево 2
- Дојран 2
- Ресен 1
- Берово 1
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (83, 75, 82, 70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.
Регистрирани се 444 оздравени пациенти од:
- Скопје 219
- Тетово 37
- Гостивар 26
- Куманово 21
- Струмица 20
- Кавадарци 16
- Штип 14
- Велес 14
- Неготино 13
- Прилеп 10
- Гевгелија 8
- Берово 6
- Битола 5
- Делчево 5
- Кочани 4
- Крушево 4
- Свети Николе 3
- Македонска Каменица 3
- Охрид 2
- Дебар 2
- Крива Паланка 2
- Виница 2
- Демир Капија 2
- Струга 1
- Кичево 1
- Радовиш 1
- Македонски Брод 1
- Богданци 1
- Дојран 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841, а бројот на активни случаи изнесува 8.515.