Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.258 тестирања, а има 284 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 152
- Кавадарци 29
- Прилеп 21
- Кочани 17
- Штип 10
- Неготино 7
- Куманово и Охрид по 6
- Тетово и Гевгелија по 5
- Демир Капија 4
- Гостивар и Струмица по 3
- Велес, Струга, Свети Николе и Берово по 2
- Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово по 1
Пријавен е 21 смртен случај. Починатите се на возраст од 52 до 93 години, и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 2 од Прилеп и Охрид и по еден од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти од:
- Скопје 192
- Прилеп 38
- Кавадарци 36
- Куманово 20
- Штип 17
- Струмица 16
- Велес и Богданци по 15
- Гевгелија, Гостивар и Битола по 14
- Крива Паланка 13
- Неготино и Тетово по 11
- Кочани 6
- Свети Николе 4
- Кратово 3
- Делчево и Крушево по 2
- Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.