Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.208 тестирања, а има 234 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 99
- Прилеп 26
- Кавадарци 19
- Куманово 17
- Струмица 15
- Неготино 9
- Тетово и Кочани по 7
- Гостивар 6
- Штип и Велес по 5
- Охрид и Гевгелија по 4
- Струга 3
- Виница 2
- Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1
Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г, 71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:
- Скопје 138
- Кавадарци 33
- Неготино 19
- Велес 10
- Крива Паланка и Ресен по 8
- Штип 7
- Куманово 6
- Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5
- Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3
- Кочани, Кичево и Пробиштип по 2
- Берово и Богданци по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.