Во Битола се одржа 28-то издание на детскиот фестивал Си-До. 20 талентирани ѕвездички блеснаа на сцената во Центарот за култура во Битола.
Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот во нашата држава а посебно на градот Битола, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.
Детскиот музички фестивал Си-До веќе 28 години создава детски хитови, а со тие хитови израснаа многу генерации на деца.
„Ова беше уште еден магичен момент во Битола, каде одекна детскиот џагор и новоиспеаните детски хитови! Сите генерации се обединија на едно место со многу радост и еуфорија која ги исполни сите присутни“ - изјави организаторот на фестивалот Дарко Шерденков.
На овогодинешното издание на Си-До, нетрпеливо чекаа учесниците да настапат со нивните песнички на сцена и раскажуваа колку се возбудени и колку е убаво искуството да се биде дел од Си-До.
Подготовките околу Фестивалот се во текот на цела година. Сите активности на фестивалот можете да ги следите на профилите на социјалните мрежи на детскиот фестивал Си-До.
Заедно ќе имаме уште многу вакви моменти за паметење, дотогаш останете во добро здравје, радувајте се и слушајте ги песничките од Си-До.