Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 4.738 тестирања, а има 1.320 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 604
- Куманово 80
- Битола 72
- Велес 62
- Охрид 60
- Кавадарци и Штип по 44
- Прилеп 43
- Гостивар 40
- Гевгелија 38
- Тетово 29
- Струмица 28
- Неготино 23
- Струга 20
- Кочани 19
- Кичево 18
- Радовиш и Берово по 10
- Свети Николе и Крива Паланка по 9
- Ресен, Виница и Богданци по 7
- Делчево, Валандово и Крушево по 6
- Демир Капија 5
- Пробиштип, Кратово и Пехчево по 4
- Македонски Брод и Дојран по 1
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г, 87г, 82г, 79г, 76г, 72г, 70г, 69г, 69г, 68г, 68г, 65г, 64г, 62, 57, 54), 4 пациенти од Битола (78г, 68г, 65г, 63г), 3 пациенти од Струмица (80г, 64г, 62г), по 2 пациенти од Кочани (71г, 62г) и Прилеп (84г, 69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г).
Регистрирани се 514 оздравени пациенти од:
- Скопје 267
- Прилеп 35
- Куманово 31
- Велес 26
- Битола 18
- Кавадарци 16
- Гостивар и Струмица по 14
- Тетово и Кочани по 13
- Валандово 12
- Неготино 11
- Гевгелија 9
- Штип и Ресен по 8
- Демир Капија 4
- Свети Николе, Пробиштип и Виница по 3
- Берово 2
- Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.