Околу 1.200 ученици учествуваа во формирањето на најголемото македонско знаме.
Учениците се обединија во Општина Бутел и го „формираа Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството“. Оваа вест ја сподели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, велејќи дека треба да ги зачуваме нашите вредности.
Пејачката Андријана Јаневска ја изведе македонската химна.
Еве ја објавата на Костовски:
ЦРВЕНО ЖОЛТ БУТЕЛ
НАД 1.200 УЧЕНИЦИ ГО ФОРМИРАА НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ!
Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!
Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна!
Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности.
Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија.
Овој чин нѐ прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.
Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент.
Македонија вечна!
ФОТО: Facebook/ Дарко Костовски